| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдени живи македонскиот, босанскиот и италијанскиот државјанин во Либија

либија

Тројцата киднапирани меѓу кои и Македонецот,  Емилио Гафурио се слободени во Либија, јавува Дневни аваз. Информацијата ја потврдува и босанскиот амбасадор во Либија за агенцијата Срна.

Според Дневни Аваз, акцијата на спасување била преку италијанското министерство за надворешни работи, а киднапираните инженери сега се наоѓаат на безбедна локација. Други детали засега нема.

Како што прва јави талијанската новинска агенција АНСА инженерите на италијанската компанија, Македонецот Емилио Гафурио, Италијанецот Марко Валиса и Босанецот Петар Матиќ најверојатно беа  киднапирани во Либија.

Тие исчезнале во саботата наутро, а веста е пренесена преку либискиот меѓународен канал.

Автомобилот на исчезнатите бил пронајден кај градот Зувара, западно од главниот град Триполи. Италијанската фирма во Зувара работи на реконструкција и модернизација на пристаништето.

Македонското министерство за надворешни работи соопшти дека станува збор за македонски државјанин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top