| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Тврдењата за американско шпионирање се сериозни

Обвинувањата дека германски агент работел како двоен шпион за САД, доколку се покажат точни, се многу сериозни и се во целосна контрадикторност со тоа како би требало да изгледа соработката помеѓу партнери, изјави во понеделникот германската канцеларка Ангела Меркел.

angela-merkel-gi-091

Поради последниот случај дополнително би можеле да се затегнат односите со Вашингтон, кои се најдоа на искушение по минатогодишното откривање за прислучување што го спроведувала Американската безбедносна агенција.

– Доколку се покажат извештаите точни тоа ќе биде серизоен случај – изјави Меркел на заедничка прес-конференција со кинескиот премиер Ли Кечијанг што се одржа во Пекинг.

– Во случај обвинувањата да се точни, за мене тоа ќе биде јасна контрадикторност со она што го подразбирам за отворена соработка помеѓу агенциите и партнерите – рече Меркел.

Белата куќа и Стејтд Департментот одбија да го коментираат апсењето на 31-годишниот вработен во германската разузнувачка агенцијаБНД ( BND). Според разузнувачки и политички извори тој признал дека на американска врска и проследувал документи. Тоа ја вклучува и информацијата поврзана со барањето на германската парламентарна комисија да ги размотри обвинувањата на поранешнито американски разузнувач Едвар Снбоуден за шпиунирање на Германија, вклучително и мобиниот телефон на канцеларката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top