| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ се врати на првата позиција на листата на АТП

Со победата на гранслем-турнирот Вимблдон, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно се врати на првата позиција на листата на АТП.

Ѓоковиќ на позицијата број 1 се враќа по 7 октомври 2013 година и ја почна 102. недела како најдобар тенисер на светот.

Најголем скок по Вимблдон и влез меѓу првите десет има бугарскиот тенисер Григор Димитров, кој се проби на 9. место, додека ланскиот шампион на Вимблдон, Енди Мареј, падна на 10. место.

Редослед на тенисерите во Топ 10:

Новак Ѓоковиќ 13.130 поени
Рафаел Надал 12.670
Рожер Федерер 6.100
Стан Вавринка 5.770
Томаш Бердих 4.410
Милош Раониќ 3.920
Давид Ферер 3.875
Хуан Мартин дел Потро 3.360
Григор Димитров 3.270
Енди Мареј 3.040.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top