Во тениската класика на сенаглискиот клуб во Вимблдон српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Роџер Федерер со 3-2 (6-7, 6-4, 7-6, 5-7, 6-4) во сетови за нешто помалку од четири саата игра.
Ова е втор освоен гренслем за Ноле на тревнатите терени во Англија по оној во 2011 година.
Роџер Федерер ја пропушти шансата да биде најдобриот тенисер кој освоил најмногу гренслем турнири на еден АТП турнир.
Швајцарецот останува со седум титули во девет финалиња. Победата за Ѓоковиќ можеше да биде многу полесно освоена бидејќи тој имаше предност од 5-2 во гемови во четвртиот сет и една меч топка на сервис на противникот при резултат од 5-4. Сепак популарниот „Федекс“ докажа дека е најдобар тенисер на сите времиња, се врати во сетотот и со нејверојатни пет освоени гема во серија го изедначи резултатот на 2-2 во сетови.
На почетокот на петиот сет Ноле побара медицински тајмаут за да земе подолг одмор и да ги опушти мускулите на нозете по еден пад на крајот на четвртиот сет.
Финалиот сет започна со одлична игра на двајцата тенисери на својот сервис се до десеттиот гем кога србинот успеа да ја наметне својата смирена игра и да изнуди две грешки на Федерер за да дојде до две нови меч топки. Таа шанса ја искористи и заслужено славеше во финалето.
Во изјавата за публиката на Вимблдон Ѓоковиќ победата ја посвети на својата идна жена со која треба да направи свадба следната недела на островот св. Стефан во Црна Гора и на детето кое го чека бидејќи неговата девојка е трудна.
Со овој освоен турнир Новак Ѓоковиќ се враќа на првото место на АТП листата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.