
Додека бунтовниците го шират својот досег низ Ирак, Нури ал Малики е притиснат да ја прошири секташката надградба на својата влада или да се соочи со изолација и пораз.
Две недели по драматичниот пад на делови од Ирак во рацете на сунитските борци предводени од Исламската република Ирак и Левантот (Идил), жестоката џихадистичка група, непријателствата дојдоа до точка на вриење. Врелината се прошири и доведе уште борци и во ирачкиот лонец, и во поврзаната војна во соседна Сирија. Без никакви знаци за политичко решение или за мир, по се изгледа борбите ќе се интензивираат и прошират, заедно со ризикот од уште една хуманитарна кататстрофа како сириската, каде скоро половина од населението избега надвор од земјата или е раселено.
На ирачка почва владините трупи и шиитските милиции лојални да влада на премиерот Нури ал Малики во која доминираат шиитите, се покажа дека тие држат слаба одбранбена линијја на северот од главниот град Багдад. Курдските сили пешмерги исто продолжуваат да ја обезбедуваат границата која се протега илјада километри по северот и истокот на Ирак, раздвојувајќи го автономниот Курдистан од бунтовничкиот мнозински сунитски регион.
Но бунтовниците кои ја контролираат својата северна и западна зона, предводени од силите на Идил и за кои се проценува дека имаат 15.000 борци, се засилени од сојузничките сунитски милиции. Заедно тие полека и стабилно пополнуваат џепови од територии кои се сеуште лојални на владата во Багдад.
Во некои случаи Идил ги убеди сунитските милиции да им се покорат. Во други ја земаа контролата насила, заземајќи градови во провинцијата Анбар, како што се Рутба и Каим, кои паднаа на 22 јуни, и поголемиот град Тел Афар на северот. Гледаме дека стратегијата на бунтовниците е да ја зацврстат контролата долж реките Тигар и Еуфрат на северот од Багдад, како и големи пустински области кои граничат со Сирија, Јордан и Саудиска Арабија. Идил исто така го освои и прустинскиот град Нукхаиб, на половина пат меѓу Багдад и саудиската граница.
Идил воглавно успеаја во своите брзи освојувања со помош на насилните сунитксите сили и сеуште држат територии покрај Еуфрат, и во Ирак и во Сирија. На сиријската страна, повеќето антивладини бунтовници ги сметаат Идил, жестокиот сојузник во борбата против режимот на Башар Асад, како опасен натрапник кој е повеќе наклонет кон создавање на своја држава, отколку кон ослободување на Сирија.
Сирските бунтовници кои им се спротивставуваат на Идил претходно укажуваа за очигледните колебања на силите на Асад да ги нападнат Идил као доказ за нивната премолчена соработка со режимот за да се ослабнат другите бунтовнички групи. Но радикалните џихадисти постигнуваат успех во Ирак, вклучувајќи и освојување на оружје и пари, и сега се обидуваат да убедат некои сиријски бунтовнички групи да се обединат со Идил. Се дознава дека некои локални бунтовнички милиции во источма Сирија објавиле дека и се покоруваат на ИДИЛ.
Во секој случај, излегува дека колапсот на силите на Малики во северен и источен Ирак ја убедиле сириската влада, можеби и со помош на блискиот сојузник Иран, посериозно да ја земат во предвид заканата од Идил. Затоа Ирак обезбеди витална линија за достава за режимот на Асад, но има бедно нессодветни воздушни сили.
Сирија сега го предводи нападот. Во изминатите две недели, авионите постојано напаѓаа врз Идил, и во Сирија и, што е уште позначајно, преку границата со Ирак. На 24 јуни, во сиријски воздушен напад врз Рутба, загинаа најмалку 50 луѓе, воглавно цивили. Нападот на 25 јуни врз Рака, главното упориште на Идил во Сирија, загинаа уште најмалку десетина. Сириските авиони продолжуваат да напаѓаат области кои ги држат други бунтовнчки групи, при што во изминатите неколку дена досега загинаа најмалку 50 цивили од бомби-буриња во регионот на Алепо .
Додека Сирија влегува во војната во Ирак, Изралеците набрзина влегоа во сириската војна. На 23 јуни, израелски ловци нападнаа барем девет сириски армиски постави како одмазда за она што израелскиот портпарол го опиша како бомбашки напад врз автомобил со кои се превезувале израелски цивили во од израелците окупираната висорамнина Голан, при шти загинал еден патник.
Борбите исто се прелеаја во Либан, и тоа не првпат во тригодишната војна во Сирија. На 20 јуни и повторно на 24 јуни, среќна околност беше спречувањето на обидот на бомбаши самоубијци со автомобили да стигнат до одредените цели, за кои се дозна дека се шиитски области во земјата. Едно возило експлодирало на изолиран воен контролен пункт, а друго на раскрсница во главниот град на Либан, Бејрут. Сунитските џихаидисти, вклучувајќи ги и Идил, ја обвинуваат моќната шиитска милиција Хезболах во Либан, заедно со сличните ирачки вооружени групи подржани од Иран, дека го спасуваат режимот на Асад со нивните луѓе и со воена помош.
Таа помош е дел од поширокиот обид од стана на Иран, шиитската регионална сила, да го прошири своето влијание во шиитските зони, вклучувајќи и во владата на Малики. Вџашени од неодамнешното повлекување на ирачката армија, Иран забрза со воената достава за пријателите во Багдад, меѓу што има и сигнална опрена и дронови (беспилотни летала). Иронично е што тие сега го делат небото над Ирак, не само со пријателските сириски авиони, туку и со американските кои се на слична мисија за да го спасат Малики. Американски воени извори велат дека сега прават по 35 разузнавачки летови на ден, како дел од итниот пакет помош, во кој има и 300 воени советници.
Обидот на Американците да му помогнат на Багдад е предизвикан од повиците, меѓу кои и од државниот секретар Џон Кери до Малики, да ги обедини своите политички противници. Премиерот, чија партија освои 92 од 328 места во парламентот на општите избори во април, што е повеќе од која било друга партија, успеа да остане два мандати на власт и сега бара и трет. И покрај спроведувањето на политиките кои доведоа до неодамнешна катастрофа со налутување на малцинските арапски сунити и држењето на курдите настрана, Малики изгледа мисли дека повторно може да состави влада. Подршката од Сирија и Иран му помага во тоа размислување, па дури може и да го убеди дека шиитиската армија може да победи на бојното поле. Но мнознина од неговите пријатели шиити во Ирак сега сакаат и тој да си замине.
На 25 јуни, Малики се разжести на телевизија против предлогот за „спасувачки“ кабинет, во кој би биле вклучени неговите противници и неутрални лица. Тој посебно жестоко се нафрли врз Курдите, обвинувајќи ги дека се здружиле со сунитските арапи за да го поделат Ирак. Тоа и може да се случи, освен ако Малики не потклекне на притисокот од дома и од надвор и да им понуди на неговите политички противници барем некаква надеж за фер компромис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


