| четврток, 6 декември 2018 |

Изградбата на македонските автопати двојно поевтина од косовските

Пред неколку дена започна изградбата на автопатот од Приштина-Урошевац- Качаник  до границата со Македонија во должина од околу 60 километри.  Овој автопат ќе го гради  американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ за 820 милиони долари или 603 милиони евра. За разлика од Косово изградбата на автопати во Македонија е речиси двојно поевтина. Новиот Автопат Миладиновци-Штип со должина од 53 километри ќе чини 206 милиони евра, а Кичево- Охрид  ќе биде во должина од 57 километри и ќе чини 374 милиони евра.

Новата автопатска мрежа од 110 километри Македонија ќе ја чини околу 580 милиони евра, додека Косово за само 60 километри автопат ќе плати 603 милиони евра.

Изградбата на новите автопати ќе биде финансирана преку кинеската Ексим банка по исклучително каматна стапка од 2% , а главниот изведувач ќе биде должен да ангажира подизведувачи од Македонија за најмалку 49% од предвидените работи. Исто така ќе треба да набави најмалку 49% од градежните материјали од македонски произведувачи.

Изведувачот и подизведувачот во текот на изградбата треба да ангажираат најмалку 51% од работници кои треба да се од Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top