Џихадистите, кои минатиот месец влегоа во Мосул, уништиле древни храмови и џамии на подрачјето на тој град, јавуваат странските агенции, повикувајќи се на локалното население.
Во северниот дел на провинцијата Ниневех, која е под контрола на екстремистите, со булдожери или експлозив уништени се најмалку 10 шиитски, сунитски и суфиски храмови, а заземени се две катедрали, од кои се отстранети крстовите, пренесува Танјуг.
– Многу сме тажни поради уништувањето на тие храмови, кои сме ги наследиле од нашите предци, изјавил Ахмед (51) жител на Мосул.
– Тие беа обележјето на нашиот град – додава тој.
Екстремистите минатиот месец ја презедоа контролата над поголемиот дел од Ниневех, како и над делови на четири околни ирачки провинции, во рамки на офанзивата која натера стотина илјади лица да ги напуштат домовите и предизвика загриженост кај меѓународната заедница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



