Најголемите десет трговски центри во светот се наоѓаат во Азија, а според една анализа објавена во Сингапур, гигантските трговски центри, најчесто, се нецелосно искористени.
Најголемите од сите, што не е изненадување, се изградени во Кина. Најголем е „Соут Чајна мол“ во Донгун, кој има простор од 660.000 квадратни метри, а втор со 100.000 квадрати помалку простор е пекиншкиот „Голден рисорс“.
На листата од десетте најголеми трговски центри има и три од Филипините. Сопственици или најголеми акционери на трговските гигант во Манила и во Лузон се тајкуни од Кина, или Филипинци од кинеско потекло. Филипинската трговска мрежа „Прајм холдинг“ со 40 релативно помали центри работи и на кинескиот пазар.
Сингапур, светскиот центар на трговијата во последните децении на минатиот век, сега само како збир на вкупниот простор влегува во 15-те најголеми во светот. Од пред 10 години титулата „трговски рај“ во југоисточна Азија од Сингапур ја презедоа Филипини, Малезија и Тајланд.
Два трговски комплеки, кои не се на источниот дел на Азија, но се во топ 10 листата, се наоѓаат во Иран и во Дубаи. Иранскиот „Персиан гулф комплекс“ има продавници на простор од 450.000 квадратни метра и е лоциран во градот Шираз, трет по големина во светот. Во Дубаи, во еден комплекс со површина од 350.000 квадрати е „Дубаи мол“, кој со 350.000 квадрати продажен простор е седми по големина во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трикови на трговските центри за да трошите повеќе пари
-
Затвор за фотошоп или фотографија на „Фејсбук“ – внимавајте кога патувате во овие земји
-
Спектакуларен концерт на Четкар на еден од најголемите џез-фестивали во светот
-
За опозиционерите, македонската Влада е виновна и за војните во Сирија и Азија