Доколку во Азија направите некоја глупост, која не е дозволена со закон, би можеле на неколку месеци да завршите во затвор или пак да ве казнат со тепање. Затоа внимавајте и учете на туѓите грешки.
Доколку некој е хомосекусално ориентиран, не се препорачува посета на Малезија. Поточно бакнување на момче или девојка може да ви обезбеди до 20 години затвор. Исто така Малезија е земја каде е можно да бидете и јавно истепани.
Од друга страна во Обединетите Арапски Емирати некои работи е опасно да се шират по социјалните мрежи. Така Австралијката Џоди Маги, објави на Фејсбук слика на автомобил кој бил паркиран преку две места за инвалиди. Намесато казнување на сопственикот, Маги била обвинета за „лошото пишување на социјалните мрежи за лицето“ и сместена во затвор, каде набрзо била депортирана во „земјата на кенгурите и коалите“.
Исто така една Австралијка поминала уште полошо во истата земја. Алисиа Гали заврши позади решетки на осум месеци под обвинение дека имала „незаконска сексуална врска“. Работата да биде уште полоша таа ги пријавила колегите, кои ја дрогирале и силувале, но во затвор заврши таа.
Сексот надвор од брачната заедница би можел да ви е врати како бумеранг и во Јордан, каде што поради тоа можете да бидете затворени до три години.
Во Мјанмар не треба да шегувате со верски чувства. Новозеланѓанецот Фил Блеквуд бил 13 месеци во ќелија без прозор, во која светлото не се гасело поради тоа што на Фејсбук објавил фотошопиран Буда, кој носи слушалки и промовира поволни цени на пијалок. За условите во затвор доволно зборува дека друштво му правеле убијци и дилери, а и фактот дека изгубил 20 килограми.
Во Сингапур поради јадење гума за џвакање, фрлање ѓубре, пушење цигара на недозволени места може сериозно да се бидее казнети. Таму пред 20 години американскиот тинејџер Мајкл Феј, кој одлучил да ишара неколку автомобили и да украде сообраќаен знак бил казнет со шест удари.
Кога ќе се најдете на убавиот Тајланд уживајте на рајските плажи и нека не ви падне на ум да кажете нешто против кралот. Многумина поради незнаење веќе заглавиле во затвор, па немојте ни случајно да им се придружите. На пример еден човек го исмеваше кралското куче, па заради таа ситница бил осуден на долгогодишна затворска казна.
Навредувањето на Ататурк, знамето на Турција и неносење документи за лична идентификација се криминални дела во Турција, затоа, внимавајте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија