| четврток, 6 декември 2018 |

Трикови на трговските центри за да трошите повеќе пари

Во големите трговски центри, ништо не е случајно, како на пример фактот дека тие немаат прозорци и часовници.

Ако ги погледнете многуте трговски центри кои денессе појавуваат како печурки после дожд, ќе најдете една многу интересна работа – секој го има истиот концепт, па дури и изгледот сведен на минимализам е како да им е копиран еден од руг, работени се по еден ист калап.

Ова дефинитивно не е случајност, објаснуваат психолозите, тоа е паметен начин се манипулира со човечката потсвест. Крајната цел? Оставете ги вашите пари тука, кај нас. Прозорците и часовниците се забранети во овие големи трговски центри.

Овој трик кај трговските центар е украден од казината. Имено, и таму се гради внатрешност, интериер без ништо што би можело да ги врати луѓето во реалноста, и да ги извести каде се и во кое време од денот, часот и колку време тие поминале таму. Луѓето немаат околу себе прозорци за поглед кон околината, немаат пред себе часовници кои без нивна воља ќе ги известат колку време во шопинг поминале таму. Едноставно, влезени се во имагинарен свет и подготвени да постапуваат ирационално – да трошат пари ни кога немале намера за тоа, понесени од магичната атмосфера.

На забелешките дека во големите трговски центри “има зидови со монотон дизајн, осветлувањето е премногу силно, климата создава студ во ходниците а подовите се мазни и ризични за лизгање…“ да сето тоа е точно и може да се забележи во сите големи молови, односно трговски центри но, тоа се менува веднаш штом ќе влезат во кои било кој дуќан во трговскиот центар – подот во дуќанот станува мек и пријатен, често со племенити материјали од дрво или тепих, музиката е потивка и температурата е повисока – се е подготвено за вас, да се чувствуваате поудобно ако од холот на центарот влезете во некој од дуќаните, салоните или бутиците. И, штом сте внатре, во таа даелку попријатна атмосфера – потсвесно сакате да останете внатре, или да влезете во друг пријатен салон.

Да ги погледнеме салоните, односно дуќаните. Околу касите нема да видите полици, што е исто така направено со план. Многумина пред касата се премислуваат и, ако нема каде да го остават тоа што го одбрале, често се откажуваат од мислата да ја вратат избраната стока.

Скапите производи се поставни во висина на вашиот поглед, а евтините сосема доле. Има и друг трик: намерно од полиците се тргаат неколку производи за да се создаде илузија кај купувачот дека тој производ добро се продава и затоа е полицата полупразна но, сето тоа е просто навлекување и играње со вашата наивност и предрасуди.

А ескалаторите? Нормално би било ако има подвижни скали на едно место за качување, веднаш до нив да има и скали за симнување со ескалаторот, но ги нема. Трговските цетри ги поставуваат скалите ѕа качување на еден крај од катот, а за симнување на сосема спротивната страна. Целта е да ве натераат да го прошетате целиот кат и ги разгледате сите излози, и да ви дадат можност некаде попат да ги потрошите вашите пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top