| четврток, 6 декември 2018 |

Спектакуларен концерт на Четкар на еден од најголемите џез-фестивали во светот

Џез-музичарот Владимир Василевски-Четкар и неговиот септет во рамките на големата азиска турнеја што се реализира со поддршка на Министерството за култура, одржаа концерт на отворањето на еден од најголемите џез-фестивали во Азиjа и во светот.

Четкар и неговиот септет одржаа концерт на отворањето на еден од најголемите џез фестивали во Азиjа и светот „Jarasum International Jazz Festival“, а имаа и настапи на „KF Sheonggyecheon Music Festival“ во Сеул.

Четкар на концертите во Кореја беше придружуван од Коди Роландс на труба, Арон Хенри на тенор-саксофон, Филип Стевановски на тромбон, Лукас Холмс на клавијатури, Ѓоле Максимовски на бас и Виктор Филиповски на тапани.

Двата концерти ги следеа илјадници обожаватели на џез-музиката, кои направија спектакуларна атмосфера што претставува огромен успех и голема гордост за Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top