| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на песната за Евровизија 2013

eri_maceonia_2013

Македонска радио телевизија утре организира промоција на песната претставник за Евровизија 2013. Промоцијата ќе се одвива во присуство на македонски новинари и музичари во ното студио – Студио 1, на Македонската телевизија.

Есма Реџепова и Влатко Лозаноски придружвани од народниот оркесрат на МТВ и Биг Бенд ќе ја отпеат евровизиската „Империја“.

-Велат дека упорноста и трудот секогаш одат заедно и резултираат со неминовен успех. Како доакз на ова тврдење, подготвивме шоу, кое нескромно можам да речам дека ќе изгледа повеќе од светски. Преку шоуто нашите гледачи ќе имаат можност да бидат сведоци на она на што подолго време неуморно работи тимот на Македонската радио и телевизија и безрезервно вложува во проектот наречн „Евровизија 2013“. Го поканувам сиот македонски аудиториум да го следи евровизиското шоу на МТВ утре (среда) во 20.45 часот и за првпат да ја слуште хитовската „Империја“ и да го види спотот, вели Љупчо Мирковски, шеф на евровизиската делегација на Македонската радио и телевизија.

Евровизиската песна „Империја“ е дело на текстописецот Борче Нечовски, а музиката и аранжнамот се на Симеон Атанасов и Дејан Момироски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top