Вo вторник 8 мај, во Лисабон во “Алтис Арената” (која има капацитет од 20 илјади гледачи) почнува 63-то по ред издание на големата музичка фешта “Песна на Евровизија”. Благодарение на победата на специфичниот португалски пејач Салвадор Собрала! Ова е првпат на “Евровизискиот фестивал” да победува Португалија. Многумина кои ја следат “Евровизија” уште минатата година по победата на Собрала коментираа дека овој фестивал најпосле и се враќа на песната што е и основната смисла на натреварувањето.
Натпреварувањето се состои од три фестивалски вечери. Првата полуфинална вечер е на 8 мај, втората на 10 мај, а главната финална вечер е во сабота на 12 мај. Учествуваат 43 земји, меѓу кои, се разбира, и Македонија. Оваа година наши претставници се групата “Ај кју”. Тие настапуваат во првата полуфинална вечер. Расположението и оптимизмот кај нашите е феноменално. Тие се надеваат дека сигурно ќе влезат во Големото фестивалско финале кое со помош на директен ТВ-пренос го следат секоја година над 400 милиони луѓе ширум светот. Со нашите “Ај кју” во вторник на 8 мај ќе се натпреваруваат уште и претставниците на Исланд, Албанија, Белгија,Чешка, Бугарија, Хрватска, Грција, Кипар, Швајцарија, Австрија, Финска….и Израел кој важи за најголем фаворит на овогодишната “Евровизија”, а го претставува популарната Нета со песната “Играчка” која исто така ќе пее на англиски јазик, како и нашите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.