Како што информираше владиниот портпарол, Алексадар Ѓорѓиев, Владата ги презема сите мерки со цел превенирање на евентуални нови можности за поплави.
-Владините министри се испратени во загрозените подрачја за изворно од терен да ја увидат состојбата, како и да разговараат со населението за сите прашања кои ги имаат. Воедно, формирано е и координативно тело кое на дневна основа се состанува, а за справување со поплавите и спречување на нови, посочи Ѓорѓиев.
Градежната механизација исто така е активирана на терен, а испратени се потребните материјали како вреќи со песок, машинерија за тампонирање и останати материјали за полесно справување со поплавите.
На одредени места Министерството за внатрешни работи извршило евакуација на населението.
Ѓорѓиев воедно информираше дека според нивните последни информации, нивото на водата во акумулациите и реките е во граница на нормалната квота и нема сериозна опасност за посериозни последици, но сепак состојбата во сите подрачја будно се следи.
Тој информираше дека минатата година исчистени се над 70 километри речни канали и корита, што покажува дека институциите имаат посветен однос.
Сепак, утврдено е дека поплавите се резултат на природни влијанија, а во еден дел и од човечки фактор, бидејќи на некои од поплавените места и покрај исчистените канали и корита имало фрлени отпадоци од несовесни граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.