Славниот актер моментно ги доживува најсреќните моменти во својот живот. Актерот Николас Кејџ, познат по многубројни улоги, сега доби една нова и претпоставуваме најдрага – улогата на дедо.
Синот на актерот Вестон Кејџ и неговата сопруга Даниел Кејџ добија син, пишува „УС викли“.
Лусиан Аугустус Копола Кејџ е роден на 1 јули во 15,14 часот, изјави гласноговорникот, а се чини дека дедото „пука“ од гордост и среќа.
– Мојот татко е пресреќен. Кога ја запозна Даниел беше одушевен од неа – рече Вестон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.