Турново на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје пред само стотина гледачи загуби од грузискиот претставник Чикура со 1:0. Стрелец за победничкиот гол за гостите беше Кучикидзе во 31.минута.
Вториот македонски претставник кој денеска настапи на евро-сцената, тимот на Металург забележа убедлива победа на гостувањето во Андора. Металурзите ја победија Санта Колома со 3:0 со головите на Миле Крстев (3.минута), Александар Стојановски (15) и Марко Симоновски (83).
За Металург ова беше прва победа во 11.от настап во евро-куповите, додека Турново на петте европски натпревари се уште е без победа. Реваншите од квалификациите од УЕФА Европа лигата се играат по седум дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


