Општина Неготино денеска додели ваучери на 28 родители, кои во изминатите месеци добија новороденче.
Според општината, Неготино има доделено вкупно 150 ваучери, што значи дека месечно се раѓаат во просек околу 15 бебиња.
– За реализацијата на проектот на годишно ниво од буџетот на општина Неготино е предвидено да се издвојуваат 1,5 милион денари – рече градоначалникот Ванчо Апостолов на денешната свеченост за доделување на ваучерите.
Следејќи ја политиката на државата за зголемување на наталитетот и општина Неготино се вклучи во акција за поддршка на новороденчињата. Кон крајот на септември, минатата година, Советот на Општината донесе одлука за доделување вредносни ваучери во висина од 7.000 денари за секое новородено дете на подрачјето на општина Неготино. Мерката во пракса се спроведува веќе 10 месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.