| четврток, 6 декември 2018 |

Еден убиен и двајца ранети во улични нереди во Бирмингем

Едно лице е убиено, а две други се потешко повредени во уличните безредија што избувнаа, синоќа, во еден кварт во Бирмингем, вториот по големина град во Велика Британија.

birm

Во соопштението на полицијата се вели дека едниот од повредните бил ранет од убод со нож, додека другиот има рани од огнено оружје, но не се даваат никакви други детали, за идентитетот на убиениот и на повредените, како и за природата на безредијата.

Полицијата соопшти дека се уапсени „повеќе лица“ без да посочи за колкумина станува збор.

Сведоци од квартот во кој се случи инцидентот, изјавија за лондонските медиуми дека забележале како голема толпа млади луѓе се собрала во квартот, а никој не знаел зашто се собираат. Дури подоцна, кога целиот кварт бил опколен со полициски сили,се разбрало за тешкиот инцидент.

Сведоците стравувајќи за својата безбедност, не сакаат да зборуваат кој со кого се тепал и зошто тоа се случило, па засега не се знае дали станува збор за судир на банди, за тепачка на воинствени млади луѓе од два кварта во градот, или за социјално-криминално немири, како оние во Лондон и во неколку англиски градови, што избувнаа во август 2011 година.

Полицијата не дава детали за возраста на учесниците во безредијата, а не се соопштува ниту каква е етничката структура на младите, што е важно за Бирмингем, каде живее бројна неанглиска етничка и верска заедница, во која доминираат муслиманите и Азијците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top