| четврток, 6 декември 2018 |

Хари Реднап заработи отказ

Искусниот англиски стручњак, Хари Реднап, денеска добил отказ од својот досегашен клуб Бирмингем кој се натпреварува во Чемпионшип, или втората по квалитет англиска фудбалска лига.

Авторитетот на Реднап го одржуваше на позицијата по неколку слаби натпревари, но денешниот петти пораз во серија беше премногу за раководството на Бирмингем, откако екипата по осум кола има само четири освоени бодови.

Англиските медиуми потенцираат дека Реднап ангажирал 14 нови фудбалери во летниот преоден рок, но тоа не само што не донесе ефект за Бирмингем, туку овој тим досега успеа да постигне само четири гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top