Во присуство на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески, генералниот директор на „Македонски железници“, Оливер Деркоски, претседателот на Советот на општина Прилеп, Никола Димески, и многу други гости од стопанскиот и од опшестевениот живот денеска свечено се пушти во употреба новата автобуска станица.
Овој објект, кој во голема мера ќе придонесе за натамошниот економски развој на градот, ги исполнува сите потребни стандарди и претставува функционална единица на еден современ транспортен центар.
Инвеститорот и сопственик на фирмата „Пелагонија бус“, која ќе стопанисува со овој објект, Горан Трпковски, ја истакна одличната соработка со локалната самоуправа и со градоначалникот Ристески повикувајќи и други инвеститори да градат во овој град.

Градоначалникот Ристески ја поздрави брзата градба на овој објект кој во рок од една година стана достапен за 24-часовно сообраќајно – патничко функционирање и нагласи дека во иднина со реновирањето на железничката станица, Прилеп ќе добие модерен и ефикасен транспортен центар, како што му доликува на еден современ европски град.
Министерот Јанакиески изјави дека Министерството за транпорт и врски, во согласност со законските надлежности, оваа автобуска станица ја категоризира во прва категорија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


