| четврток, 6 декември 2018 |

Власта не напаѓа а нема потреба, можеме и сами да се уништиме

Лидерот на некогаш државничката партија кој пукаше на избори и јадеше живо месо побара од неговиот колега во ривалската партија да не го споменува  него и партијата во јавноста.

Од политичките противници се бара рок од 6 месеци во кој опозицијата нема да биде споменувана на прес конференции  а од таму ветуваат дека ако до тогаш сами не се уништат со внатрепартиски судири, со декрет на лидерот ќе ја укинат партијата затоа што тогаш таа нема зошто да постои.

Оваа револуционерна идеја лидерот на опозицијата ја даде за време на промоцијата на книгата „ Како да уиштиш партија и како да ги измамиш гласачите“ која што во ексклузивен повез излегува во печат благодарение на издавачката куќа „Бранко, транзиција и другарите“.

Од владеачката партија засега нема официјален коментар на понудата.

Од таму не веруваат дека опозицијата има капацитет сама да се распушти и бараат во Скопје да пристигне висок странски претставник кој треба да обезбеди сигурен распад на најголемата опозициска партија.

 

 

 

—————————————————————————————————————————————————————-

***  Целта на „Војвода Бихаќки“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со правите луѓе и институции е случајна.  

Војвода Бихаќки

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top