
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство
на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија Чарлс Едмунд Гарет.
Пешевски го запозна Гарет со политиките на Владата наменети за развој на домашната економија. Се дискутираше за спроведените проекти, како и за проектите кои се во фаза на реализација, а се наменети за зголемување на конкурентноста на домашното стопанство и поттикнување на економскиот раст.
За време на средбата соговорниците изразија задоволство и ги поздравија билатералните односи помеѓу двете земји, кои, како што оценија, се традиционално добри, со динамична разнообразна соработка. Изразија и желби за натамошен поттик на економската соработка и зголемување на трговската размена.
Велика Британија е значаен трговски партнер на нашата земја, која минатата година се најде на третото место на листата на најголеми трговски партнери, со вкупна трговска размена од 806 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бучковски: Голем предизвик е да се биде амбасадор во САД, но не сум разговарал ниту со премиерот, ниту со Димитров
-
Баздникин: Факт е дека референдумот во Македонија е неважечки(видео)
-
Запален автомобилот на албанскиот конзул во Солун
-
Словенечкиот амбасадор Милан Јазбец објави поетска книга на македонски јазик


