| четврток, 6 декември 2018 |

Словенечкиот амбасадор Милан Јазбец објави поетска книга на македонски јазик

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје и „Заложба Форма 7 “ од Љубљана, на словенечки и на македонски јазик излезе од печат поетската книга „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“ од Милан Јазбец, актуелен амбасадор на Република Словенија во Република Македонија. Стиховите се објавени двојазично: на словенечки и на македонски јазик во препев на Викторија Блажевска и Соња Должан.

Песните на Милан Јазбец извираат од една љубов. А,таа љубов може да се сфати како љубов кон саканата, кон предците и потомците, кон татковината, констатира Раде Силјан во препораката на ова издание.

Милан Јазбец (1956) спаѓа во редот на познатите словенечки интелектуалци. Автор е на триесет и шест книги од повеќе области. Неговите публицистички и научни трудови за дипломатијата се изучуваат на универзитетите во Словенија, а делото посветено на Мартин Крпан се вреднува меѓу уникатните научни толкувања. Книги од овој автор се објавени на руски, турски, албански, германски и арапски јазик.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top