Вкупно 114 апликации на 105 индивидуални лица, граѓански здруженија и институции од областа на културата беа поднесени до Министерството за култура на вториот конкурс за креативните индустрии. Поддржани се 54 проекти на 49 корисници, соопшти на денешната прес-конференција министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Поддржани се проектите на четири национални и локални установи, Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид, Дом на културата–Делчево и Дом на културата Кратово и Музеј–Кратово. Поддржан е проектот за мапирање на креативните индустрии во Старата скопска чаршија, со посебен акцент на креативното занаетчиство, како и два комплексни проекти од поголем формат, Меѓународната школа за архитектура и дизајн во Охрид и конференцијата на Светската асоцијација на дизајн во Македонија (ИКОГРАДА).
Комисијата која ги разгледала пристигнатите проекти, составена е од проф. д-р Митко Хаџи-Пуља, Роберт Јанкуловски, Андреј Бартлинг и Александар Ношпал.
– За разлика од првиот конкурс кога квантитативно имаше поголем број на апликации, но помалку од доменот на креативните индустрии, на вториот конкурс пристигнаа квалитетни и иновативни проекти од областа на креативните индустрии. Со проектите се дизајнираат и промовираат нови технологии, во кои се користат традиционалните вештини и ресурси и се креираат нивни нови и современи контексти, проекти кои овозможуваат поврзување и вмрежување со други дејности на креативните индустрии, рече Канческа-Милевска.
Обезбедена е, како што нагласи, поддршка на многу интересни идеи од повеќе гранки на креативните индустрии и тоа: индустриски дизајн, дизајн на мебел, внатрешен дизајн, дизајн на продукти и пакување, дизајн на накит, моден дизајн, манифестации во кои се промовираат културниот туризам, природните убавини и се афирмираат традиционалните вредности во Република Македонија и едукативни настани (работилници, обуки) во насока на унапредување на креативните индустрии.
Според министерката за култура, проектите селектирани на вториот конкурс докажале дека во Репулика Македонија има голем број млади креативни луѓе кои создаваат иновативни уметнички форми, естетски вредности и одржливи проекти кои имаат стабилна финансиска стратегија.
Снежана Денковска од Занаетчиската комора-Скопје го презентираше проектот „Моќта на дизајнот и занаетот“.
– Сакавме да ја сочуваме нашата традиција, култура и вештините кои ги имаат нашите занаетчии, уметници и креативци. Проектот повеќе ќе ни биде посветен на внатрешното уредување, или предмети кои ќе бидат користени за внатрешно уредување. Се работи на ковано железо, за ламби или светилки од леќи, везење и плетење, декоративна постелнина, кои ќе ги изработат занаетчиите заедно со модниот дизајнер, рече Денковска. Додаде дека овие производи потоа ќе бидат пласирани на нашиот и на меѓународниот пазар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори
-
Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите
-
Министерот за култура Асаф Адеми не го гледал филмот на Бојаџи, но според “трилерот” проценил дека е навредлив за Албанците