| четврток, 6 декември 2018 |

Плени и во четириесеттата! Камерон Дијаз се сликаше за насловната на машки магазин

дијаз

Со оглед на тоа дека во одредни сцени во својот нов филм, „Секс ленти“ не сокри ништо од очите на публиката, на згодната Камерон, фотографирањето за насловната страна на магазинот „Есквајер“ не претставувало никаков проблем. Дури може да се каже дека уживала, а веројатно уживаат и мажите ширум светот.

Актерката (41) во тесен костим за капење ги покажала сите атрибути на своето тело, при што посебен акцент е ставен на нејзините долги нозе. Дијаз вели дека одличната фигура ја должи на јогата и сурфањето.

Актерката во интервјуто по којзнае кој пат повторила  дека нема желба да се реализира во улога на мајка.

-Преголема обврска е да имаш деца  и да бидеш одговорен за уште неколку животи, покрај сопствениот. За тоа навистина немам сила – рекла Дијаз.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top