„Вог“ е модна библија, „Вог“ е чувство за мода, „Вог“ e цели 100 години англиско чувство за аристократија.
По повод оваа 100 годишнина престижното издание за ѕвезда на насловната избра не било кој, туку токму војвотката на Кембриџ, Кејт Мидлтон.
Ова е нејзина прва насловна, каде можеме да ја видиме во една поинаква светлина од вообичаениот негуван и официјален стил.
За фотосесијата модните уредници на весникот избрале додатоци и облека со типичен американски стил, од шапката до кошулата и јакната на убавата претставничка на кралското семејство.
Принцезата Дајана е единствената која ја красела насловната на британскиот „Вог“ во далечната 1993 година, а еве сега и Кејт тргнува по нејзиниот пат.
Со типичено лежерно однесување, бринета зрачи со позитивна енергија и се очекува ова да биде најдобро продаваното издание на „Вог“ во светот, за овој месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.