| четврток, 6 декември 2018 |

Паднала од кров врз челична арматура и преживеала (фото)

sipkagrl17 годишна девојка за чудо останала жива откако била пробиена од три челични арматури откако паднала од кров во Индија, пренесуваат светските медиуми. Таа паднала на соседното градилиште каде всушност арматурите биле исправени. Тие ги пробиле и поминале низ стомачната празнина и дел од куковите на младата девојка. За среќа покрај виталните органи.

Итните служби од градот Бихар мораале да го пресечат железото додека ја држеле девојката во иста положба, за да не предизвикаат дополнителни болки и крварење, но и да не се предизвика оштетување на некој од внатрешните органи.

Девојката во болница била подложена на петчасовна операција. Всушност, девојката цел 12 часа била со трите железа низ неа. Докторите сепак успеале успешно да го отстранат челикот, а девојката успешно се опоравува по несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top