Бразилскиот фудбалер Кака по раскинувањето на договорот со Милан пристигна во американскиот град Орландо, каде што му е приреден срдечен пречек од навивачите на клубот од Флорида.
За тоа каков публицитет му е даден на трансферот на Кака во Орландо покажува и информацијата за вршење директен пренос од слетувањето на Бразилецот, на официјалниот профил на клубот на „Твитер“.
Кака во досегашната кариера настапувал за Сао Пауло, Милан и за Реал Мадрид, а пред да заигра за Орландо ќе биде на шестмесечна позајмица во Сао Пауло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


