| четврток, 6 декември 2018 |

Бејл се всели во куќата на Кака

Во Реал, конечно, можат да здивнат, новата ѕвезда Герет Бејл потполно е подготвен да се справи со предизвиците што доаѓаат.

Почетните проблеми со повредите се зад него, Бејл е потполно здрав и влезе во формата поради која и Реал го бараше.

– Најдоброто од мене доаѓа. Сега сум потполно подготвен, што значи дека екипата може да очекува од мене голема помош. Беше само прашање на време кога ќе бидам потполно подготвен – рече Бејл.

Герет полека се навикнува на поинаквиот стил на живот во Шпанија, каде што се живее полежерно за разлика од Англија.

Па, така, Велшанецот се всели во елитниот дел на Мадрид, а соседи ќе му бидат соиграчите Бензема, Кристијано Роналдо, Серхио Рамос и Икер Касилјас.

Станува збор за луксузна вила од 1.500 квадратни метри во која претходно живееше Бразилецот Кака. Изнајмувањето на куќата изнесува 12 илјади евра месечно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top