| четврток, 6 декември 2018 |

Кријат од детето дека родителите му загинале

маса

– Како на Маша да ѝ кажеме каде се мама и тато? Како да ѝ објасниме дека никогаш веќе нема да ги види? – низ созли прашуваат роднините, чии лелеци одекнуваат низ дворот на куќата во Кулиновачко Поле, во која живееја Драшко Јокиќ (33) и Александра Радивојевиќ (24).

Овие сопружници во неделата околу 15.30 часот, возејќи се на мотор, загинаа во сообраќајна несреќа кај Мојсињ на Ибарската магистрала. Патниците од БМВ, кој се судри со моторот, репрезентативки на Србија во кик-бокс, Ајла Лукач и Саида Буквиќ, како и нивниот тренер Хусеин Дупљак, по укажаната лекарска помош, пуштени се дома – пишува српски „Блиц“.

Сопружниците, кобниот ден со уште 15 мотоциклисти ги гледале мото- трките во Краљево, по што тргнале дома кон Чачак. Во колоната имало 10 мотори.

– Не возевме пребрзо. Во еден момент Драшко додаде гас и ја претекна колоната. Помина на левата страна, а во пресрет им доаѓаше сив автомобил. Мислев дека ќе се врати во колоната, но следуваше стравичен удар – се потсетува Звонко Милошевиќ, еден од мотоциклистите.

Членовите на семејството, кои во дворот на куќата на Драшко и Александра примаа сочуство, велат дека од нивната тригодишна ќерка Маша кријат дека родителите ѝ загинале.

-Постојано прашува каде се мајка ѝ и татко ѝ. Не знаме што да ѝ кажеме. Велиме дека се на пат – велат роднините кои додаваат дека сопружниците на мотор ја пропатувале цела Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top