| четврток, 6 декември 2018 |

Во Охрид ќе се одржи првата „Лидерска академија за жени“

Врвни обучувачи од Германија, Турција, Португалија, Холандија, Нов Зеланд, САД, Хрватска, Данска, Литванија, Италија и од Македонија ќе бидат дел од првата „Лидерска академија за жени“, која од 16 до 25 јули 2014 година ќе се одржува во Охрид. Оваа академија е во организација на клубот „Сороптимист“ од Струга со поддршка на Унијата на Сороптимист од Република Турција.

Повикот за учество на академијата сѐ уште е во тек и истиот ќе биде отворен до 7 јули 2014 година. На овој повик ќе може да се пријават девојки и жени на возраст од 18 до 30 години

– Академијата ќе опфати 32 работилници, а првпат во Македонија ќе имаме еден холистички пристап кон лидерството кој ги опфаќа телото, умот, срцето и духот. Преку активно учење, тимска работа, презентација на животни искуства на успешни жени лидери, создавање кариерен план, многу дружење и забава, учесничките ќе имаат уникатно искуство, стекнувајќи нови знаења и вештини – вели Катерина Василеска, органзатор на академијата.

Според неа на Македонија и е потребна една нова генерација на модерни лидери на сите нивоа кои се спремни да ја певземат одговорноста и активно да работат и соработуваат за доброто на заедницата во која живеат.

Повеќе информации за пријавување на академијата ќе може да се добијат на веб страницата клубот „Сороптимист“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top