| четврток, 6 декември 2018 |

Чевли што ја издолжуваат ногата

Познатиот дизајнер на женски чевли Кристијан Лобутин дизајнира нова колекција чевли, кои се состојат од пет модели на класични женски потпетици, а секој пар доаѓа во 5 нијанси за секоја боја на кожата. Неговата цел била да создаде чевли што ќе се вклопуваат со вашиот тен и на најсуптилен можен начин да им даде на жените елеганција и висина.

download

Имајќи предвид дека моделите на Лобутин обично чинат над 600 долари, пари кои кај нас ретко кој може да си ги дозволи за еден пар високи потпетици, искористете ја само неговата идеја и пронајдете сличен модел. Важно е бојата на чевлите да биде најприближно иста со вашиот тен, со што визуелно ќе изгледате повисоки, а вашата нога подолга. Избегнувајте ременчиња или  какви било пресеци кои само ја скусуваат ногата.

download (2)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top