Девојките кои не можат без штикли не можат ни без плускавци и болки во стапалата, а тешко се наоѓаат чевли со високи потпетици без да направите по некој компромис. Кога не може да им одолеете тогаш разгледајте неколку начини како да ви биде поудобно додека ги носите.
Намалете го притисокот во прстите со тоа што ќе ги залепите средниот прст со прстето до палчето на стапалото, заедно. На овој начин притисокот во вените се намалува, а вам нема да ви отечат стапалата.
За полесно да ги облечете и соблечете штиклите нанесете малку рол он. Не само што лесно ќе ги натнете штиклите туку и ќе го избегнете настанувањето на плускавци.
Наполнете зип ќесенце со вода, ставете го во новите штикли, и веднаш во замрзнувачот. Мразот се шири, а со тоа и вашите штикли. Наместо да облекувате сто пара чорапи и да се шетате дома како алнати, вие уживајте и оставете го фрижидерот нека работи.
За да не ви се потат стапалата користете пудра или сув шампон, удрете и шмиргла на потпетицата за да не се лизнете и немојте веднаш да облечете сандали кога ќе ги соблечете вашите штикли.
Ноќта е најдобра за купување штикли, но и најдобар период кога треба да ги одморите вашите нозе со една релаксирачка купка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.