| четврток, 6 декември 2018 |

Пратеничка од опозиција на протест со потпетици од 1.800 евра

Актуелната пратеничка од албанската опозициска Демократска партија и екс министерка за евоинтеграции, Мајлинда Брегу,на антивладниот протест во Тирана е видена со потпетици вредни 1.800 евра.

– Тоа не беа обични потпетици. Го носеа знакот на фирмата „Заноти“ а беа украсени со камчиња на Сваровски. Цената на вакви потпетици е 1.800 евра, јавува порталот Лапси, пренесува дописникот на МИА од Тирана.

Луксузните трошоци на Брегу често се тема во медиумите. Еден од многуте примери е и нејзиниот автомобил „јагуар“ за кого изјавила дека чини 60 илјади евра.

Таа протестираше против актуелната влада поради „големата сиромаштија во која ги втурнала граѓаните“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top