| четврток, 6 декември 2018 |

Битолчанки на старт, утре ќе се тркаат на штикли

Манифестацијата, која се организира во рамките на битолско културно лето Битфест, го следи трендот на најпознатите светски трки по меѓународни стандарди, како што се трките на штикли на улиците Кнез Михајлова во Белград и Страдун во Дубровник.

-Трката во Битола ја симболизира силата на современата девојка и жена. Таа и на високи потпетици го освојува светот. Оваа манифестација дополнително ја потенцира и посебноста на една од најамбиенталните улици на Балканот, битолски Широк сокак, каде високите потпетици се одраз на истенченото чувство за мода издигнато до ниво на уметност во Битола. Младинскиот културен центар ја организира трката и со цел да промовира нови алтернативни начини за збогатување на забавниот живот на младите, како и користење на алтернативни простори – вели Маја Ангеловска, од МКЦ Битола.

Во вторник, на 25 август, трката ќе започне во 21 часот, при што натпреварувачките ќе трчаат на високи потпетици не пониски од 8 сантиментри на обележана патека на Широк сокак. Предвидени се две полуфинални и една финална трка. Регуларноста на трката ќе ја следи петчлено жири во состав на јавни личности.  Сите девојќи кои ќе учествуваат во трката ќе добијат награди, а за трите најбрзи девојки, организаторот обезбедува и примамливи парични награди. Покрај трката предвидена е и богата музичка програма.

Трката е атракција во која традиционално учествуваат девојки од цела Македонија, а сите заинтересирани уште денес можат да се пријавуваат во Младинскиот културен центар во Битола.

Младинскиот културен центар Битола е единствена институција во Македонија која го има заштитено брендот “Трка на штикли” со што го има ексклузивното право да организира ваков настан во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top