| четврток, 6 декември 2018 |

Бивша ескорт дама открива:Спиев со 10.000 мажи

Гвинет Монтенегро (36) од Австралија 15 години била ескорт дама, спиела со 10.091 мажи, пробала кокаин, десетици долари потрошила на скапоцени автомобили и гардероба. Пред три години ја напуштила оваа работа и сега се занимава со бизнис.

Сега Гвинет Монтенегро ја промовира својата книга во која го открива своето  искуство како ескорт дама. Оваа дама, во моменти кога работата и одела најдобро, заработувала од 100 до 500 долари на час. Се што доживеала, занимавајќи се со проституција открила во својата книга „10 000 мажи и броење“.

Во книгата може да се прочита дека авторката била силувана во 18 година, а во 19 почнала да се занимава со стриптиз, додека во 21 година станала „врвна ескорт дама“.
гвинет

Работејќи како ескорт дама Гвинет користела разни лажни имиња.

– Едно од нив беше Анџелина. Морав да имам секси име, а кое е подбро од Анџелина Џоли- рекла таа.

Работата на ескорт дама довела до тоа да таа во деведесетите проба кокоин. Дрогата, шампањот и сексот со бизнисмени, политичари и музичари ја одбележале целата нејзина младост.

гвинет 2

Кога доживела тешка сообраќајна несреќа, за прв пат почнала да размислува за својот живот. Ја напуштила таа работа и прво работела како пилот, но поради болсет на бубрезите, останала без работата. Потоа со својот партнер Роџер се свртела кон бизнисот.

Сега кога би имала прилика да го врати времето, таа вели дека никогаш не би станала ескорт дама, а со својата книга сака да укаже на лошите страни на таа работа.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top