Младата Англичанка Фиона Хаџ во рок од една година со правилна диета и здрав начин на живот ослабна 45 килограми и драстично го промени својот живот и изглед.
Незадоволна од себеси, од својата тежина и начин на живот, оваа млада мајка решила да направи нешто за себе и своето здравје, нешто во што пријателите веднаш ја поддржале. Но, кога резултатите почнале да стануваат видливи, работите се промениле.
– Јадев толку многу нездрава храна што не е ни чудо што бев дебела. Ги мразев моите свадбени фотографии, не можев да ги видам. Не сакав да ја напуштам куќата, секогаш се облекував во црно и во слоеви. На крај, цврсто одлучив дека сакам да го променам мојот живот. Пријателите ме поддржаа на почетокот, но кога видоа дека успевам, ме обвинија дека станав опседната со диетата и дека сега само мислам на себе – вели Фиона.
Таа добивала и многу негативни коментари од нејзините пријатели, некои од нив дури и рекле дека изгледа болно и испено, обвинувајќи ја и дека ги малтретира децата со тоа што ги тера заедно со неа да возат велосипеди.
Фиона, година дена подоцна, со вежби и исфрлање на пицата, газираните пијалоци и шеќерот од својата исхрана, изгледа свежо и преполовено.
Извор: Дејли меил
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.