| четврток, 6 декември 2018 |

Владата предлага измена на Уставот во повеќе области

Владата на Р.Македонија на последната владина седница донесе предлог одлука да се пристапи кон иницијатива за измена на Уставот на Р.Македонија во повеќе области, истакна денеска премиерот Никола Груевски потенцирајќи дека изминети се во насока на допрецизирање, подобрување на квалитетот, зголемување на независноста и целисходно функционирање на системот.

Премиерот информираше дека Уставните измени кои ги предлагаат се однесуваат на 8 функционални целини и тоа:

1. Промена на називот на НБРМ

2. Дефинирање на бракот како заедница меѓу маж и жена

Се предвидува и дефинирање на бракот како заедница меѓу маж и жена со цел јакнење на семејните вредности.

3. Воведување на инситутот Уставна жалба

Се предвидува и институционална уставна жалба што значи дека наместо во Стразбур сега уставниот суд може да одлучува за жалби за повреда на слободи и права. Ова е позитивно искуство од Германија, Шпанија, Австрија, Словенија….

4. Промена на составот на Судскиот совет  на Р. Македонија,

Друга предлог измена е промена на составот на судскиот совет преку зголемување на бројот на судии членови на судскиот совет избрани од страна на судиите и исклучување на членовите по функција министерот за правда и претседателот на врховниот суд што и беше клучна забелешка од странците а која беше воведена како уставно правило во 2005 година од страна на СДСМ.

5. Промена на надележноста за одлучување по жалба на одлуките на Судскиот совет на Р.М за избор на судии, разрешување или друга изречна дисциплинска санкција  на судија или на претседател на суд и воведување наделжност за  одлучување по жалба  на одлуките на советот на јавни обвинители на Р.М за избор на Јавни обвинители, разрешување или друга изречена дисциплинсак санкција на јавен обвините од стран на Уставниот суд

6. Прецизирање на фискалните правила во рамките на Буџетот и тоа за буџетскиот дефицит и јавниот долг

Уставно загарантиран максимум на буџетски дефицит кој во устав ќе биде пропишано да не е поголем од 3 проценти од БДП и јавниот долг да не биде поголем од 60% од БДП. Тоа значи дека оваа или било која друга влада која ќе биде обврзана со устав да не го зголемува буџетскиот дефицит и јавниот долг. Со ова се потврдува заложбата на владата за строга и квалитетна фискална политика.

7. Создавање на уставна можност за формирање на финансиска зона

Исто така се предвидува уставна можност за формирање на финансиска зона која би развивала посебна правна и финансиска регулатива по највисоки меѓународни стандарди. Ова во прост пример значи дека може да се формира зона во која би владееле да речеме британски правила и големи фирми и финансиски здруженија би можеле да ги префрлат капацитетите. Значи тие си ги задржуваат истите правила, а градат капацитети во друга стратешки позначајна земја во поглед на пазарот и покривањето на европскиот континент.

8. Пристапување кон измени на Уставот на Р.М со цел дефинирање на Државниот завод за ревизија  како уставна категорија

Државниот завод за ревизија се предвидува да влезе во уставот и да стане уставна категорија со што ќе се зајакне независноста.

Оваа предлог одлука е насочено кон подобрување на работата на институциите, воведување на нови повисоки стандарди и овозможување на дополнителни услови за економси развој и просперитет – истакна премиерот.

Очекуваме, посочи премиерот Груевски, пошироката и експертска  јавност да се вклучи во овој процес и со аргументи и издражани дискусии да се се извлече најдоброто за државата  и сите нејзини граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top