Двата македонски ракометни клуба кои наредната сезона ќе се натпреваруваат во Лигата на шампиони ги добија противниците.
Металург повторно ќе ги одмери силите со Кил, кој беше кобен во четвртфиналето во сезоната која заврши, а покрај нив во истата група беше извлечен и ПСЖ.
Вардар, пак, ќе се соочи со Веспрем, кој ќе му биде противник и во СЕХА-лигата, а згора на тоа ривал ќе му биде и германскиот вицепрвак Рајн-Некар.
ГРУПА А: Кил, МЕТАЛУРГ, Загреб, Ла Риоха, ПСЖ, квалификант 1.
ГРУПА Б: Барселона, Колдинг, Алингсас, Висла, Фленсбург, квалификант 3.
ГРУПА Ц: Веспрем, Целје, Чеховски медведи, Рајн-Некар, ВАРДАР, Монпелје.
ГРУПА Д: Кјелце, Данкерк, Кадетен Шафхаузен, Пик Сегед, Алборг, квалификант 2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.