| четврток, 6 декември 2018 |

На 1 јули во Кочани почнува манифстацијата „Петровденски конаци“

Kocani-4

На 1 јули во Кочани почнува културната манифестација „Петровденски конаци“ што по деветти пат ја организира Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани во соработка со Општината.

Во склоп на манифестацијата ќе биде промовирана книгата „Музичкиот инструмент кемане во Република Македонија“ од авторот Горан Ангелов, за 5 јули е планирана претставата „Семејни приказни“ на Ангелчо Илиевски, како и концертот на групата „Блек дајмонд“ од Ќустендил, Република Бугарија.

Во рамките на „Петровденските конаци“, пред празникот на градот Петровден, ќе се одржи голем целовечерен концерт на Есма и ансамблот Теодосиевски, како и традиционалната манифестација на Власите од Македонија на Пониква на Осоговските Планини.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top