| четврток, 6 декември 2018 |

Достоинство бара референдум за смена на министерот Талат Џафери

Лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов најави дека вечерва е донесена одлука за покренување иницијатива која ќе биде доставена до претседателот на Собранието, за распишување референдум за отповикување на Џафери од министерската позиција, Ова е дел од стратегијата на партијата за ставање крај на исламскиот екстремизам, јави телевизијата 24вести.

– Уште утре ќе ја најавиме динамиката на нашата граѓанска иницијатива. За да се распише референдум потребно е стотина луѓе да покренат иницијатива, која ќе се достави до законодавниот дом, а претседателот на Собранието е должен во рок од две недели да ни одговори. Доколку иницијативата е уредна ние ќе започнеме постапка на собирање на 150 илјади потписи во период од шест месеци. Имаме доволно време и јас мислам дека 150 илјади Македонци ќе одат да се потпишат против Талат Џафери. Не треба нити да пукаат, ниту да се тепаат, ниту да стојат на ладно или на дожд, ама нека не ми кажува некој дека не може да оди да се потпише против ова зло, против овој срам што ни се случува, против ова понижување на македонскиот народ, рече Ангелов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top