| четврток, 6 декември 2018 |

Џогани стана келнер

Поранешниот сопруг на српската пејачка Анабела Џогани, музичарот Гаги Џогани од групата „Фанки Џи“, е во тешка финансиска криза по нивниот развод, па ќе работи како келнер, јавуваат српските медиуми.

– Едноставно дојде таква време, голема финансиска криза е и не сум во ситуација многу да избирам. Мојот брат Џоле ми најде работа, па така сега ќе работам како келнер.  Сѐ уште сум во преговори не е ништо сигурно, но многу е веројатно да почнам со таква работа – изјавил некогаш познатиот пејач и танчар.

Тој вели дека нема комплекси и не се срами од работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top