
Во Музејот на град Скопје вечерва, во 21 часот, ќе биде отворена меѓународна изложба на уникатен накит, слики и скулптури „Сараево во Скопје, пријателство кое трае“ на уметниците Миа и Адин Хебиб и Едина Селесковиќ од Босна и Херцеговина.
На изложбата ќе присуствува и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, како и амбасадорот на Република Босна и Херцеговина во нашава земја, н.е. Здравко Беговиќ, а изложбата ќе биде реализирана како дел од културните настани во рамки на 35. „Скопско лето“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


