Повредата на Дејан Манасков е сериозна, се работи за скинати лигаменти на коленото, и за жал пред крилото на Металург и на македонската репрезентација е долга пауза од 6 месеци. Манасков се повреди без контакт со противнички играч, на дуелот со Силкеборг, вчера, откако незгодно доскокна при постигнувањето на погодок. Лекарски прегледи покажаа дека станува збор за тешка повреда.
„За жал, се реализираа најцрните прогнози, станува збор за кинење на предните лигаменти. Наскоро ќе треба да заминам на операција, се уште немам решено каде ќе биде извршена, а потоа ќе следи и долга рехабилитациска програма. Според првичните информации нема да можам да играм околу шест месеци, што значи дека оваа сезона е завршена за мене. Разочарувањето е огромно, бидејќи со нетрпение очекував да им помогнам на моите соиграчи во битката за трофеите“ – изјави Манасков, за спортскиот портал „Екипа“.
Ове е лоша вест и за Металург и за националната селекција. Клубот на Манасков го очекуваат тешки осминафинални дуели во Лигата на шампионите, а одличното крило ќе недостасува и во македонската репрезентација, во квалификациите за ЕП 2013 во Данска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


