| четврток, 6 декември 2018 |

Маратонска купувачка треска во Тетово

Најголемиот трговски центар во западна Македонија за граѓаните на Тетово и пошироко ги обезбеди најголемите попусти кои ќе почнат од утре и ќе траат од 10 часот наутро, па сѐ до полноќ. Производите на светските трговски марки присутни во „Палма мол“ ќе бидат достапни на попуст од 27 јуни, па до 28 јули.

– Ги овозможуваме попустите во текот на цел јули и во текот на целиот ден до доцна во ноќта затоа што на тој начин сакаме вистински и со дело да покажеме дека „Палма мол“ е отворен за сите и дека  секој може да дојде и да пазарува тука. Попустите се во духот на рамазанската традиција и убедување дека секој треба да сподели, дека оној што има повеќе, дава на оној што нема. Ова е месец кога сите треба да го добиеме она што го посакуваме. Ова е време на хуманост и време кога се истакнува солидарноста меѓу луѓето, а издејствувањето на попусти од сите брендови присутни во „Палма мол“ е нашиот придонес кон исполнување на желбите на секој од граѓаните што ќе дојде во трговскиот центар – велат од „Палма мол“.

Повеќе од 30 продажни локали од различни области ќе ги понудат своите производи на попуст и до 50 %.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top