Место досегашните 120 евра, минималната вредност за купување што се прави во Грција на кое се бара враќање ДДВ е 50 евра.
Ваква одлука грчките власти донеле во средината на октомври, што многу ќе им значи на сите тие што во оваа земја, освен на одмор, одат и на пазарење.
-Минималниот износ за купување неопходен за враќање на парите по основа на ДДВ до неодамна изнесуваше 120 евра, додека таа цифра сега е намалена на 50 евра за изнесување производи од Грција – пишуваат грчките портали.
За илустрација, за сметка од 50 до 69,9 евра се враќаат 6 евра, додека за купување стока од 100 до 119,9 евра, се враќаат 12 евра. Се разбира, колку што се сметктие повисоки, толку ќе биде и повисок делот, односно парите што се враќаат по основа на поврат на ДДВ. Така при купување производи од 970 до 1.019 евра, купувачите можат да добијат назад дури 124 евра.
Идејата на Грција е со оваа одлука земјата да го достигне просекот на државите-членки на ЕУ кога е во прашање враќањето данок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција