| четврток, 6 декември 2018 |

Специјални поволни понуди за македонските туристи на Златибор

Македонските туристи в година ќе добијат специјални поволни понуди за одмор на Златибор.

Според Меморандумот за соработка што го потпишаа денеска  Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и туристичката организација „Златибор“ од Србија, понудите ќе важат за двете сезони, и за летната и за зимската, а ќе бидат промовирани во март 2017 година.

Целта на Меморандумот, како што беше речено, е да се зголеми соработката меѓу двете земји.

133497544

– ССК ја проширува билатералната соработка на регионален план. Потпишувањето на Меморандумот со кој македонските туристи ќе добијат специјални цени за престој во најпосетуваниот зимски центар во Србија, е резултат на неколкумесечниот ангажман на ССК во чиишто рамки организиравме средби со амбасадорите на Србија, Црна Гора, БиХ и Албанија, изјави заменик – претседателот на ССК Драган Митковски.

Тој дополни дека со реализацијата на активностите предвидени во Меморандумот, очекува да се зголеми обемот на српските и македонските туристи на двете страни.

– Протоколот е само почеток на нашата соработка и ќе ги унапреди односите кои веќе се добри. Преку него на македонските туристи ќе им ги претставиме попустите за посета на Златибор – нагласи директорот на Агенцијата Владимир Живановиќ.

Минатата година, посочи, бројот на македонските гости значително се зголемил, што е дополнителен стимул за уште поефикасно претставување на овој пазар.

Златибор годишно го посетуваат околу 3.000 македонски туристи. За претстојните новогодишни празници се веќе договорени три автобуси само од една агенција, но домаќините очекуваат многу повеќе.

Овој туристички центар е меѓу најатрактивните во Србија, годишно привлекува до 250.000 гости.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top