Централниот одбор на ЛДП синоќа едногласно одлучил да ја исклучи Роза Топузова – Каревска од Извршниот одбор на партијата и да ја разреши од функцијата потпретседател на ЛДП.
Топузова-Каревска на предвремените парламентарни избори се најде на третото место во изборната единица 4 на листата на опозициската коалиција. Таа по изборите одлучи да не го почитува ставот на ЛДП и да го врати пратеничкиот мандат. Лидерот на ЛДП истакна дека Топузова-Каревска во Собранието може да ги застапува своите ставови, но не и да ја претставува партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



