| четврток, 6 декември 2018 |

ЕВН најави исклучувања, повеќе скопски општини денеска без струја

Без снабдување со електрична енергија денеска во различни периоди од денот ќе бидат повеќе скопски општини.

Регионалниот центар за управување со кризи по информации добиени од „ЕВН Македонија“ соопшти дека во периодот од 8 до 11 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од ул. Цветан Димов лоцирани кај ОУ „Тефеју“ (општина Чаир), од 8.30 до 11.30 часот, корисниците од улиците 513, 517, 518, 529 и 532 во село Марино (општина Илинден), од 08.30 до 14.30 часот, дел од корисниците од село Љуботен (општина Бутел), од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Востаничка (општина Кисела Вода) и во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Теодосиј Синаитски (општина Карпош).

Без снабдување со електрична енергија  во периодот од 10.20 до 15.30 часот, ќе бидат и дел од корисниците од село Долно Свиларе кон џамијата (општина Сарај), од 12.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Серска и Чедомир Кантарџиев (општина Кисела Вода) и во периодот од 12.30 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Козле (општина Карпош).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top