| четврток, 6 декември 2018 |

ЛДП ги избра кандидатите за пратеници

ldp-3-696x465

Либерално-демократската партија на седницата на Централниот одбор со тајно гласање ги избра кандидатите за пратеници на претстојните вонредни парламентарни избори закажани за 11 декември.

Во првата изборна единица, на 12-тото место на коалициските опозициски листи, партијата ја предложи Никица Корубин. Во втората изборна единица, на 17-тото место е претседателот на подмладокот на ЛДП, ЛИДЕМ – Стефан Миноски.

Јулијана Николова, претседателка на Форумот на жени на ЛДП е на 6-тото место во третата изборна единица. Во четвртата изборна единица, на 20-тото место на коалициската листа е Јасмина П. Миленковиќ, а во петтата изборна единица на 4-тото место е претседателот на ЛДП Горан Милевски.

ЛДП на изборите на ќе настапи како дел од опозициската коалиција предводена од СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top